Премиерлига

Вест Хем убедливо го победи Лестер и се качи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Вест Хем со 4-1 го совлада Лестер и по две кола е на првото место во Премиерлигата. 

Чеканите неочекувано убедливо славеа над Лестер со три голови разлика, Антонио со една асистенција и два гола беше играч на мечот.
 
Домаќините поведоа со гол на Форналс во 26. минута, а потоа следуваше клучниот моменет на мечот. Перез поради опасен старт доби црвен картон, Лестер остана со играч помалку.
 
Тоа го искористи Вест Хем, по десет минути игра во вториот дел Бенрама погоди за 2-0, но Тилеманс во 70. погоди за надеж на Лестер дека сепак може да се избегне пораз.
 
Но до крајот на мечот Антонио постигна два гола за убедлива победа од 4-1.
 
Вест Хем по првите две кола е лидер на табелата со шест бода и најдобра гол разлика, 8-3.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе