Премиерлига

Вест Хем по втор пат оваа сезона го победи Челси, удар за тимот на Лампард (ВИДЕО)

Вест Хем направи изненадување во лондонскиот дуел, го победи Челси со 3-2 и освои три многу значајни бодови во битката за опстанок. 

Челси беше сериозен фаворит, но повторно оваа сезона загуби од Вест Хем. Чеканите претходно два пати ги совладале сините во една сезона во 2002/2003.
 
Вест Хем прв ја тресеше мрежата на противникот, но голот на Сучек во 34. минута беше поништен. Брзо потоа Челси поведе од пенал со гол на Вилијан.
 
Во судиското продолжение Соучек повторно дава гол, овој пат чист, Вест Хем израмни на 1-1.
 
По шест минути игра во второто полувреме, Антонио носи водство за Вест Хем од 2-1, во 72. минута Вилијан со прекрасен гол од слободен удар изедначува на 2-2 и ги враќа надежите на Челси дека може до победа.
 
Но тимот на Лампард не само што не победи, туку беше поразен откако Јармоленко во 89. минута постигна гол за конечни 3-2.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе