Премиерлига

Вест Хем како претплатен, повторно прими четири гола од Ливерпул (ВИДЕО)

Ниту овој засилен тим на „Чеканите" не помина подобро од претходниот, на четврти натпревар во низа Вест Хем прима четири гола од Ливерпул, „Црвените" моќно ја започнаа новата сезона.

„Чеканите“ ова лето потрошија речиси 100 милиони фунти на засилувања а на тренерското столче го донесоа и Мануел Пелегрини кој со Манчестер Сити беше шампион во Англија. Сепак, Вест Хем беше прелесен залак за Ливерпул во воведното коло од новата сезона.

Салах ги донесе домаќините во предност од 1-0 во 20. минута, а пред финишот на првиот дел една заспаност во одбраната на Вест Хем беше казнета за 2-0. Милнер беше уфрлен на подалечната статива а Англичанецот со краен напор ја врати топката во срцето на петерецот каде Мане рутински ја смести топката за дуплирање на предноста.

Истиот играч зголеми на 3-0 на стартот од вториот дел, гол кој не требаше да важи поради офсајд. Конечниот резултат го постави Стариџ во 88. минута. Напаѓачот само неколку секунди откако влезе во игра погоди за 4-0.

На вториот денешен натпревар од 14:30, Саутемптон одигра 0-0 со Барнли.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе