Премиерлига

Вест Хем игра магична сезона, го победија Вулвс и се качија на четвртото место (ВИДЕОЕ)

Вест Хем со 3-2 победи на гостувањето кај Вулверхемптон, тимот на Дејвид Мојс го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртото место во Премиерлигата. 

На осум кола пред крајот на сезоната, Вест Хем се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите, лондонскиот клуб има сезона за која никој не ни сонуваше.
 
Со голови на Лингард, Форналс и Боуен, Вест Хем до 38. минута водеше со 3-0.
 
Во финишот од првиот дел Дендонкер намали на 1-3, а Силва во 68. минута погоди за 2-3, но до крајот Фабиански не дозволи и по трет пат да се затресе неговата мрежа.
 
Вест Хем во следното коло има нов голем тест, го пречекува Лестер кој има четири бода повеќе од нив.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе