Премиерлига

Вест Хем го победи Тотнем и се качи на четвртата позиција во Премиерлигата (ВИДЕО)

Нов удар за тимот на Мурињо, Тотнем загуби на гостувањето кај Вест Хем, Мојс првпат го победи Португалецот, а неговиот тим се искачи на четвртото место во Премиерлигата. 

Црната серија во Премиерлигата на Тотнем продолжува, овој пат со наведната глава си заминаа по мечот со градскиот ривал Вест Хем.
 
Чеканите поведоа уште во петтата минута кога погоди Антоно. А по само две минути игра во вториот дел Лингард зголеми на 2-0.
 
Во 64. минута Лукас по асистенција од Бејл погоди со глава и намали на 2-1.
 
До крајот на мечот Тотнем со сите сили се обидуваше да избегне пораз, Бејл ја погоди пречката, Сон стативата, но топката по вторпат не влезе во голот.
 
Ова беше прва победа на Дејвид Мојс во дуелите со Жозе Мурињо. Вест Хем сега е четврти со два бода пред Челси, имаат само два помалку од второпласираниот Лестер.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе