Премиерлига

Вест Хем го победи Ливерпул и излезе пред него на табелата (ВИДЕО)

Вест Хем ја продолжува неверојатната форма оваа сезона, овојпат го победи Ливерпул со 3-2 и се качи на третото место на табелата во Премиерлигата. 

Дека Ливерпул го очекува лош ден беше најавено уште во четвртата минута кога несреќниот Алисон сам си внесе една топка за водство на Вест Хем од 1-0.
 
На пет минути пред крајот на првиот дел Ливерпул израмни со прекрасен гол од слободен удар на Александер Арнолд.
 
Во 67. минута Форналс го врати водството на Вест Хем, а седум минути подоцна погоди и Курт Зума за 3-1.
 
До крајот на мечот Ливерпул преку Ориги успеа само да го ублажи поразот на 3-2.
 
По 11 одиграни кола Вест Хем е на третото место со 23 бода колку што има и вториот Манчестер Сити, Ливерпул е четврт со 22 бода, лидер е Челси со 26.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе