Поразот на гостувањето кај Загреб беше капката која ја прели чашата, па раководството на Вардар реши дека на тимот му е потребна тренерска промена.
Седумте порази по ред во Лигата на шампионите и загубениот меч од Еурофарм Пелистер 2 во домашното првенство беа дволни Вардар да му врачи отказ на Вујовиќ.
Ова беше третпат како Вујовиќ беше тренер на Вардар, ова му беше и најкраткиот престој во Скопје, претходно црвено-црните ги водеше од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013. Овојпат не успеа да се задржи ниту една сезона.
Извор: Г-спорт.мк