Се правеше „паметен“ пред микрофоните

Верона го казни водачот на ултрас навивачите, за расистички навреди кон Балотели доби забрана за влез до 2030

Верона попладнево соопшти дека водачот на ултрас навивачите, Лука Кастелини е казнет за расистичките навреди на адреса на Марио Балотели, тој доби забрана за влез на стадионот до јуни 2030 година.

Мечот помеѓу Верона и Бреша во неделата беше одбележан од голем инцидент. Марио Балотели доби расистички навреди, па ја зеде топката и ја шутна кон трибините. Напаѓачот потоа нервозно тргна да си оди и мораша да биде убеден од соиграчите да остане. Во меѓувреме, судијата го прекина натпреварот и беше прочитано соопштение со кое фановите беа продупредени за недоличното однесување.

Дека расизмот е голем проблем во Серија А покажува и шокантното интервју на водачот на ултрас навивачите на Верона, Лука Кастелини. Слично како и чудното соопштение од пред некој месец на една ултрас група на Интер, тој објаснуваше како тие само се обидувале да испровоцираат противнички играч. Но додека даваше говореше пред микрофоните, тој во неколку наврати на расна основа го навреди Марио Балотели, па сега доби забрана за влез на стадион до јуни 2030.

„Верона сака да соопшти дека превзеде акција и го суспендираше господинот Лука Кастелини од сите натпревари до јуни 2030. Неговите коментари и размислувања се комплетно спротивни на етичките приципи и вредностите на овој клуб“ – гласеше известувањето.

Што се однесува за казната која Верона ја доби од Фудбалската федерација на Италија, изречено е само делумно затварање на трибините, односно делот од стадионот од кои дојдоа расистичките навреди.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе