Германецот за 60 милиони евра треба да се пресели во Лондон

Вернер промаши празен гол, ривалите на Челси побрзаа да фатат сеир (ВИДЕО)

Тимо Вернер убаво се избрука на денешниот натпревар против Падерборн, напаѓачот промаши празен гол, и за болката да биде поголема, гостите казнија во 92. минута и си заминаа со бод.

Напаѓачот изминативе денови е во фокусот на јавноста откако беше откриено дека ќе направи трансфер во Челси, „сините“ ја добиваат битката со Ливерпул и Манчестер јунајтед и во следните денови ќе ја активираат откупната клаузула во неговиот договор вредна 60 милиони евра.

Се чини дека Тимо Вернер со мислите веќе е во Лондон, денеска против Падерборн се избрука и промаши празен гол. За болката да биде поголема гостите казнија во 92. минута и си заминаа со бод.

Секако, потегот на голгетерот беше причина за ривалите на Челси да фаќаат сеир на социјалните мрежи.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе