Идеален би бил за Манчестер јунајтед

Вернер доби совет да не оди во Ливерпул, Фирмино е премногу добар за да му го земе местото

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, кој настапуваше и во Бундеслигата, Овен Харгривс смета дека Тимо Вернер треба да се пресели на Олд Трафорд бидејќи тешко дека ќе успее да му го земе местото на Фирмино во Ливерпул. 

Тимо Вернер денеска постигна хет-трик на гостувањето кај Мајнц каде Лајпциг победи со убедливи 5-0. Неговото име силно се поврзува со големите Премиерлигаши, пред се со Ливерпул, но интерес има и од Манчестер јунајтед и Челси.
 
Овен Харгривс смета дека Вернер перфектно ќе се вклопи во Манчестер јунајтед, додека во Ливерпул не му е загарантирано местото во стартниот тим.
 
„Тој нема да може да му го земе местото на Боби Фирмино кој е еден од моите омилени фудбалери за гледање“, вели Харгривс.
 
„Каде и да оди треба да игра. Со начинот на кој игра Манчестер јунајтед сега, би можел да го видам таму. Потребна им е деветка“.
 
„Челси би можел исто да биде добар избор. Би бил перфектен во системот на Ливерпул, но не му е гарантиран стартерски статус. Ако сака да ротира во офанзивните три, тогаш океј, ќе биде добро засилување за Јирген Клоп“.
 
„Вернер работи напорно, одличен голгетер е, одличен соиграч, сите работи кои им се потребни, но нема да игра пред Роберто Фирмино, не можам да го видам тоа. Фирмино е премногу добар во тимот на Ливерпул“.
 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе