Ривалството продолжува

Венгер: Кога се расправам со Мурињо се чувствувам како да сум во градинка

И покрај тоа што Венгер повеќе не е тренер, тој и Мурињо повторно си отворија војна, овој пат причината беше автобиографијата на Французинот. 

Венгер неодамна извади автобиографска книга, „Мојот живот во црвено и боло“ во која се зборува за неговите 22 години поминати во Арсенал. Во книгата тој не го спомнува Мурињо иако беа големи ривали и постојано водеа вербални војни.
 
На прес конференција Мурињо беше запрашан зошто мисли дека е изоставен од автобиографијата на Венгер, а тој одговори бидејќи Французинот никогаш не го победил, а во автобиографските книги се пишуваат убави работи, не порази.
 
Сега дојде редот на Венгер.
 
„Не ме засега. Тој постојано провоцира. Со него се чувствувам како да сум во градинка. Но тоа е дел од неговата личност“, вели Венгер.
 
Врвот на ривалството меѓу Венгер и Мурињо се случи во 2014 година кога вербалната расправија стана и физичка за момент крај аут линијата на Стемфорд Бриџ.
 
На Венгер му требаа 14 мечеви за конечно да го победи Мурињо. Португалецот во една прилика го рече Венгер „специјалист за неуспех“. Тие имаа вкупно 19 меѓусебни дуели, Венгер победи на само два од нив.
 
„Го победивме двапати, имаше и многу нерешени средби. Не се работи за „Јас“, туку „Ние“, вие сте само дел од победата, ние сме тие кои победуваат. Тренерот е само таму да го извади најдоброто од тимот“, вели Венгер.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе