Лига на нации

Веќе нема дилеми, Пандев пристигна во Скопје, ќе игра против Косово

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев е во Скопје, тоа значи дека и дефинитивно ќе игра во четврток на значајниот меч против Косово од Лигата на нации. 

Се појавија шпекулации дека поради големиот број на позитивни случаи, фудбалерите на Џенова ќе имаат колективен карантин и нема да им биде дозволено да го напуштат клубот.
 
Но, тоа не е така. Од Фудбалската федерација на Македонија потврдија дека Горан Пандев е веќе во Скопје и ќе настапи на дуелот со Косово.
 
За жал, селекторот Ангеловски нема да може да смета на Елиф Елмас кој е позитивен на ковид-19 и ќе остане во Неапол.
 
Македонските репрезентативци се собираат денеска, натпреварот со Косово се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе