Си поминал многу убаво

Вечерта кога Роналдо ставил перика и мустаќи за да може на раат да се забавува со пријателите

Кристијано Роналдо вели дека ретко излегува на дружење со пријателите и раскажа како една вечер ставил перика и бркови за да може на раат да се забавува во Мадрид.

ЦР7 на Пирс Морган му се довери дека нема приватност и дека две години нема излезено со децата на прошетка во парк. Португалецот исто така открива дека поради славата не може да излезе на дружење со пријателите. 

„Не можам да отидам во бар со пријателите бидејќи знам дека нема да им биде комфорно. Избегнувам вакви работи бидејќи луѓето околу мене ќе бидат бидат прилично нервозни“ - вели Кристијано Роналдо, и раскажува интересна приказна од времето во Реал. 

„Кратко по преселбата во Реал Мадрид во 2009 година, беше Нова Година, навистина сакав да излезам, но беше невозможно. Па ставив перика и мустаќи, големи наочари за сонце, луда јака, па со пријателите и девојките излеговме во еден руфтоп бар/дискотека во центарот на Мадрид и си поминавме убаво. Тоа беше една од најубавите вечери во мојот живот, повторно се чувствував слободен“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе