ПМФЛ

Важни победи за Работнички и Силекс, Беласица одигра реми во Чаир

Работнички конечно побеи, со 2-0 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров и освои важни бодови во борбата за опстанок, голем триумф и за Силекс кој во Кратово го совлада Вардар, Беласица одигра само 2-2 на гостувањето кај Шкупи. 

Битката за опстанок продолжува и таа ќе се води до последното коло, денеска победници беа Работнички и Силекс кои освоија многу важни бодови.
 
Работнички конечно дојде до триумф, со автогол на Нето и погодок на Ацковски ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 2-0.
 
Многу важна победа обезбеди и Силекс кој со гол на Георгиев од пенал во првото полувреме дојде до триумф над Вардар од 1-0.
 
Беласица два пати изедначуваше на гостувањето кај Шкупи. Домаќините имаа водство од 1-0 и 2-1 со голови на Устабаши и Бајрами, а Струмичани израмнуваа со погоди на Маслаќ и Георгиев.
 
Ренова и Академија Пандев одиграа 1-1. Гостите водеа со 1-0 преку Миловановиќ, а Рамадани донесе бод за тимот од Џепчиште
 
Шкендија со 4-1 славеше на гостувањето кај Победа. Шефити даде два гола, по еднаш погодија Зејнулаи и Бериша. Погодокот за Прилепчани беше дело на Ефремов.
 
Табела:
 
1. Шкендија 76
2. Вардар 60
3. Академија Пандев 57
4. Шкупи 44
5. Ренова 43
6. Работнички 43
7. Македонија Ѓорче Петров 41
8. Силекс 41
9. Беласица 38
10. Победа 23

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе