Премиерлига

Варди му донесе победа на Лестер во 90. минута и го уништи корнер знаменцето (ВИДЕО)

Лестер ги освои сите три бода од гостувањето кај Шефилд јунајтед благодарение на погодок на Џејми Варди пред самиот крај на натпреварот.

Шефилд јунајтед останува само со бод по 11 одиграни натпревари во Премиерлигата, малку фалеше да останат непоразени против Лестер, но тоа не се случи.

Лестер поведе со гол на Перез во 24. минута, но две минути подоцна Мекбруин изедначи на 1-1.

Се чинеше дека со тој резултат и ќе заврши мечот, но во 90. минута, Медисон одлично додаде до Варди кој излезе еден на еден со голманот на Шефилд и не погреши, постигна гол за победа од 2-1 на Лестер. При прославата го скрши корнер знаменцето и доби жолт картон.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе