Премиерлига

Варди е незапирлив, Лестер реди победи како никогаш претходно во 135 години историја! (ВИДЕО)

Џеjми Варди со два гола го предводеше Лестер до триумф од 1-4 на гостувањето кај Астон Вила, за „лисиците" ова беше осма победа во низа во Премиерлигата, ваква серија немале нкогаш претходно во својата 135 годишна историја.

Лестер попладнево ја совлада Астон Вила со 1-4, за да се врати на осум негатива во однос на лидерот Ливерпул, но и да му побегне на шест бода на третопласираниот Манчестер Сити. Џејми Варди е повторно оној стариот, напаѓачот два пати се запиша во листата на стрелците, на осум меча по ред дава гол и сега има 16. По еднаш погодија Ихеначо и Еванс, а Грилиш го постигна почесниот гол за домаќините.

За „лисиците“ ова беше осма победа во низа во Премиерлигата, ваква серија тие немале никогаш претходно во својата 135 годишна историја, па не случјано Брендан Роџерс оваа недела доби нов договор дури до 2025 и плата поголема и онаа на Клоп, Слошер, Лампард и многу други.

На преостанатите два меча од 15 часот, Њукасл со 2-1 во совлада Саутемптон, а Шефилд јунајтед со истиот резултат триумфираше на гостувањето кај Норич.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе