ДОПОЛНИТЕЛЕН МОТИВ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ

Вардарци ќе поделат 100.000 евра ако го поминат АПОЕЛ!

Доколку успеат да го поминат АПОЕЛ и да се пласираат во следното квалификациско коло, фудбалерите на македонскиот шампион ќе поделат премија од 100.000 евра.

Раководството на Вардар не штеди, клубот го одврзува ќесето и на играчите им нуди богата премија за победа над АПОЕЛ. Фудбалерите ќе поделат 100.000 евра, пишува Македонски Спорт.
 
Оваа сума е најголема премија за било кој наш тим досега, но главниот мотив на фудбалерите ќе биде исполнетата арена и гледачите кои ќе дојдат да ги бодрат црвено-црните.
 
Доколку Вардар го помине АПОЕЛ, следува победникот од дуелот помеѓу Митјиланд и Линколн преку кој се стигнува во групна фаза, во најмала рака во Лига Европа, во таков случај раководството на Вардар е подготвено да им подели на фудбалерите половина милион евра.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе