ПМФЛ

Вардар загуби од Работнички и дојде на чекор до Втората лига

Вардар со 3-1 го загуби соседското дерби од Работнички и ги загуби реалните шанси за опстанок, а во следното коло може и официјално да биде потврдено дека во следната сезона ќе биде второлигаш. 

Фото: ФК Работнички
Вардар со една нога е во втората лига откако не успеа да направи изненадување и да дојде до три бода против Работнички.
 
Романтичарите беа пресилни, со головите на Силјановски, Ѓурѓевиќ и Јевтоски имаа водство од 3-0, Вардар успеа само да намали преку Петејчук во финишот од мечот.
 
Во следното коло Вардар гостува на Струга ТЛ, доколку не победи и официјално ќе испадне во Втора лига.
 
А Струга Трим Лум води жестока битка за пласман во Европа, тие денеска ја победија Шкендија во Тетово со 2-0, со голови на Алтипармаковски и Босанчиќ рано во мечот.
 
Тимот на Захариевски дојде на само бод до третото место откако Македонија Ѓорче Петров одигра 0-0 на гостувањето кај Шкупи.
 
Пелистер освои важни три бода против Академија Пандев откако славеше со 3-1. Гостите поведоа со гол на Маркоски, но следуваа три гола на битолчани преку Маневски, Илијовски и Гоудиаби за триумф.
 
Со истиот резултат Ренова ја победи Беласица. Јашароски беше јунак во триумфот, тој ги постигна сите три гола, стрелец за струмичкиот тим беше Калпачки.
 
Слекс и Борец одиграа без победник 1-1. Кратовчани поведоа со гол на Ѓорѓиев во првото полувреме, израмни Мишов од пенал во финишот од мечот.
 
До крајот на шампионатот остануваат уште две кола.
 
Табела:
 
1. Шкендија 71
2. Шкупи 57
3. Македонија ЃП 52
4. Струга ТЛ 51
5. Работнички 44
6. Пелистер 41
7. Борец 37
8. Силекс 36
9. Ренова 35
10. Академија Пандев 35
11. Вардар 31
12. Беласица 17

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Работнички

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе