ПМФЛ

Вардар тешко ја продаде кожата во Тетово, Алими со прекрасен гол донесе победа за Шкендија (ВИДЕО)

Шкендија со 2-1 го победи Вардар во Тетово, скопскиот тим пружи посилен отпор отколку што се очекуваше, но не успеа да направи изененадување. 

Со оглед на моменталната ситуација во Вардар, Шкендија на денешниот меч беше огромен фаворит. Тетовскиот тим дојде до планираните три бода, но тоа не се случи лесно како што се очекуваше.
 
Шкендија поведе со гол на Мурати во 13. минута, но само четири минути подоцна Мирчевски го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во 62. минута Алими со прекрасен гол од слободен удар во врати водството на Шкендија и донесе победа од 2-1.

Немаше голови на мечот меѓу Шкупи и Академија Пандев, 0-0 заврши и дуелот на Македонја Ѓорче Петров и Борец.
 
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Пелистер и Ренова кој го добија домаќините со 3-1.
 
Битолчани поведоа со гол на Гудјаби во деветата минута, Алити изедначи на 1-1. Маневски од пенал пред крајот на првиот дел го врати водството на Пелистер, а Размоски во 55. минута ги постави конечните 3-1.
 
Струга Трим Лум славеше гостинска победа кај Беласица во Струмица. Момците на Срѓан Захариевски водеа 2-0 со голови на Алтипармаковски и Лена, а Каланоски на седум минути пред крајот постигна почесен гол за Струмичани.
 
Вчера Работнички и Силекс одиграа 1-1.
 
Табела:
 
1. Шкендија 45
2. Шкупи 27
3. Македонија ЃП 35
4. Струга Трим Лум 32
5. Работнички 28
6. Вардар 26
7. Борец 26
8. Силекс 23
9. Пелистер 22
10. Ренова 19
11. Академија Пандев 18
12. Беласица 12

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе