ПМФЛ

Вардар стави крај на победничката серија на Беласица

Вардар не ја победи Беласица, но ја прекина низата на струмичани кои претходно ги совладаа Акдемија Пандев и Шкендија, дуелот во Скопје заврши нерешено 1-1.

Беласица влезе во нереална победничка серија совладувајќи ги Академија Пандев и Шкендија, но немаше лек и за Вардар.
 
За разлика од Академија Пандев и Шкендија, Вардар излезе со прв тим, не успеа да победи, одигра четврток реми против Беласица оваа сезона.
 
Струмичкиот тим кој се бори за опстанок поведе во 36. минута, во тој момент се јавија сомнежите дека и во Скопје може да се случи „чудо“, но не беше така. На десет минути пред крајот Жуниор ги постави конечните 1-1.
 
До самиот крај на мечот Вардар се бореше да направи пресврт и да дојде до триумф, но не успеа.
 
Шкендија во минатото коло загуби од Беласица, но денеска го растури Шкупи со 5-1. Имери постигна хет-трик, по еднаш реализираа Алими и Агим Ибраими. Голот за Шкупи беше дело на Бајрами.
 
Силекс со гол на Рајковиќ освои многу важни три бода од гостувањето кај Победа, совладувајќи ја со 1-0.
 
Академија Пандев му нанесе нов пораз на Работнички, го совлада со 3-1. Пандев, Дориев и Стојоски стрелаа за домаќините, Пеев погоди за гостинот од Скопје.
 
Македонија Ѓорче Петров со 3-1 ја победи Ренова. Тантуровски даде два гола, еден реализираше Робсон Да Силва за Ѓорчепетровци, Мустафов беше стрелец за Ранова.
 
Табела
1. Шкендија 69 
2. Вардар 58
3. Академија Пандев 50 (-1)
4. Шкупи 42
5. Ренова 39
6. Работнички 39
7. Македонија ЃП 38
8. Силекс 34
9. Беласица 31
10. Победа 23 (-1)

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе