ПМФЛ

Вардар со триумф се враќа од Струмица, Шкендија подобра од Струга ТЛ

Вардар со 1-0 победи на гостувањето кај Академија Пандев, Шкупи го доби скопското дерби против Македонија Ѓорче Петров со 3-1, Шкендија со 2-0 беше подобра од Струга Триум Лум. 

Фото: ФК Шкендија
Вардар е повеќе од преполовен во однос на минатата сезона, но црвено-црните немаат намера да кренат бело знаме, тие остварија вежен триумф на гостински терен кај Академија Пандев која има восоки цели.
 
На мечот со Борец се виде дека Вардар не е слаб тим, но потребно му е воигрување за да биде конкурентен во лигата. Првата победа е остварена и тоа на гостински терен кај солиден тим.
 
Блажевски кој во игра влезе на петнаесетина минути до крајот, во 77. минута реализираше пенал за водство на Вардар од 1-0. Динмов го фаулираше Цветаноски, судијата покажа на белата точка.
 
15 минути претходно голманот Марко Алчевски доби втор жолт картон па Академија Пандев беше со играч помалку се до 90. минута кога од игра беше иклучен Попзлатанов кај Вардар.
 
Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев беше на трибините на овој меч, но немаше што многу да види од својот тим.
 
Шкупи со 3-1 ја победи Македонија Ѓорче Петров. Јусуфи уште во четвртата минути носи водство за домаќините, а Емини во 54. минута изедначи на 1-1.
 
Шкупи остана со играч помалку по исклучувањето на Адеми во 71. минута, но и покрај тоа домаќините дојдоа до триумф. Дарбо погоди од пенал во 76. минута, Диак во судиското продолжение ги постави конечните 3-1.
 
Шкендија со 2-0 ја победи Струга Трим Лум, Тотре и Дориев беа стрелци на головите на овој меч.
 
Ренова во 89. минута со автогол на Стоименовски се спаси од пораз на гостувањето кај Борец. Голот за домаќините беше дело на Радовиќ во 40. минута. Натпреварот заврши 1-1.
 
Синоќа Работнички со 2-0 ја совлада Беласица, а претходно Силекс и Пелистер одиграа нерешено 2-2

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе