Веспрем полесно од било кога го помина Вардар и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Европската приказна за македонскиот шампион оваа сезона заврши неславно, со два убедливи порази во осминафиналето.
Натпреварот во Скопје заврши со победа на Веспрем од 41-27, па денешниот реванш во Унгарија беше само формалност. Нашиот тим се надеваше на подобра претстава, но силниот противник уште еднаш убедливо победии, овој пат со 39-30.
Вардарци парираа десетина минути, потоа почна првата серија од 3-0 на Веспрем, за да се издвои на 9-6. Имаше уште една за 15-10 во 22. минута, а до крајот на полувремето предноста се задржа на слично ниво, со резултат 20-15 на паузата. Во вториот дел иста слика, Веспрем не само што ја сочува предноста, туку и ја зголеми, на крајот сосема заслужено победија со девет голови разлика.
Најдобри кај Вардар беа Дибиров ии Стоилов со по пет головии. Во составот на Веспрем, Шишкаров и Нилсон постигнаа по шест голови, Манасков даде два.