Квалификации за Лига Европа

Вардар со минимален пораз се враќа од Ерменија

Фудбалерите на Вардар со 1-0 загубија на гостувањето кај Пјуник во првиот квалификациски меч во Лига Европа.

Вардар со пораз се враќа од Ерменија, „црвено-црните“ примија еден случаен гол, но успеаја да ја затресат мрежата на противникот кој има убав резултат пред гостувањето во Скопје.
 
Натпреварот не изобилуваше со шанси се играше главно израмнето меѓу двата шеснаесетника, Пјуник беше поконкретен особено додека го даде единствениот гол.
 
Клучниот момет се случи во 28. минута кога Војнов шутираше по земја, нога постави Конате, топката го смени правецот го измами Гачевски и од стативата заврши во голот на Вардар за водство на Пјуник од 1-0.
 
Во продолжението од мечот Вардар се обидуваше да дојде до изедначување но нападите беа јалови без посериозна шанса за гол.
 
На крајот домаќините се задоволни од резултатот бидејќи на Вардар во Скопје ќе му биде потребна победа од два гола разлика. Реваншот се игра за седум дена.
 
Фотo: ФК Вардар

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе