СЕХА Лига

Вардар продолжува беспрекорно во СЕХА, падна и Загреб

Вардар ја оправда улогата на фаворит против Загреб, победи со 30:23 и го задржа максималниот учинок во СЕХА лигата.

Вардар и Загреб за кратко време имаа уште една средба во салата „Јане Сандански“, овој пат во натпревар од СЕХА лигата.
 
Актуелниот регионален шампион настапи без неколку ракометари, Стоилов, Мораеш, Шишкарев, Циндриќ и Штербик, но и покрај тоа лесно се справи со Загреб.
 
Натпреварот почна изедначено, и таквиот момент траеше дваесетина минути, Загреб имаше водство од 7-6, кога Вардар почна да игра, поведе а потоа само ја зголемуваше предноста.
 
На крајот македонскиот тим славеше со седум голови разлика, 30:23 забележувајќи го петтиот триумф во петтото коло од СЕХА лигата.
 
Најдобри стрелци во тимот на Вардар беа Карачиќ и Дибиров со по шест гола, Борозан постигна пет. Фантастичен на голот беше Страхиња Милиќ со 17 одбрани. Кај Загреб, Мандалиниќ постигна осум гола.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе