ПМФЛ

Вардар одигра нерешено на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров

Вардар не го искористи во целост поразот на актуелниот шампион Шкендија, одигра само 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. 

Вардар се врати на врвот на табелата, сега има ист број на бодови како и Академија Пандев, ја зголеми и предноста во однос на Шкендија на десет бодови, а можеше и на 12.
 
По мирното прво полувреме во Ѓорче Петров, следуваше второ многу поинтересно кое почна со гол на Аврамовски од далечина за водство на Вардар од 1-0.
 
По примениот гол Македонија ЃП тргна поофанзивно и со гол на Јашаровски во 67. минута изедначи на 1-1.
 
Во продолжението од мечот и двете екипи имаа шанса да дојдат до трите бода но мечот заврши без победник.
 
По десетото коло Работнички е на последното место откако загуби на свој терен од Струга ТЛ со 2-1, а Борец со погодок во судиското продолжение со истиот резултат го совлада Шкупи во Велес.
 
Најубедлив денеска беше Силекс кој со 2-0 во Кратово го победи тимот на Ренова.
 
10. коло резултати:
 
Борец - Шкупо 2-1
Македонија ЃП - Вардар 1-1
Работнички - Струга ТЛ 1-2
Силекс - Ренова 3-0
Вчера
Шкендија - Академија Пандев 0-1
 
Табела: 
 
1. Вардар 21
2. Академија Пандев 21
3. Македонија ЃП 16
4. Шкупи 13
5. Ренова 13
6. Силекс 12
7. Шкендија 11
8. Струга ТЛ 11
9.Борец 11
10. Работнички 10

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе