ФФМ не ја прифати жалбата

Вардар не доби лиценца, нема да игра во Европа следната сезона!

ФФМ ја одби жалбата на Вардар и не му даде лиценца за настап во Европа следната сезона. 

Вардар нема да игра во квалификациите од Лига Европа откако ФФМ не им ја прифати жалбата на црвено-црните и не им даде лиценца за настап во европските натпреварувања.
 
Вардар не ја доби лиценцата поради долговите кои ги има кон фудбалерите. Тие прво не добија лиценца од првосепената комисија, потоа се жалеа, но во меѓувреме не го решија проблеми и повторно беа одбиени.
 
Ова е сериозен удар за Вардар кој нема да може да заработи ништо од настап во Европа во престојната сезона. Тоа ќе биде дополнителен проблем за клубот кој и онака е во финансиски проблеми.
 
Од десетте клуба во Првата лига само Вардар и Победа не добија лиценци.
 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе