ВАРДАРОВИТЕ ХЕРОИ ЗАСЛУЖУВААТ ПОЛНА АРЕНА

Вардар направи историја, а сега нема кој да оди на стадион, повеќе од половина капацитет се уште не е продаден

Вардар направи историски успех, се пласираше во групната фаза од Лига Европа, но голема е веројатноста дека на натпреварот со Зенит ќе има многу празни места на Арената „Филип Втори“, продажбата на билети не оди како што се очекуваше.

Фудбалскиот клуб Вардар го направи најголемиот успех во својата историја откако избори пласман во групната фаза од Лига Европа. „Црвено-црните“ обезбедија европска есен, нешто што не му успеало на друг македонски клуб.
 
Почнувајќи од утре, Вардар ќе ги нагости Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, се очекуваше полн стадион и прекрасна атмосфера, македонскиот шампион да има ветер во грб од своите навивачи, но продажбата на билетите не оди според планираното.
 
На еден ден пред натпреварот со Зенит, во продажба има уште повеќе од 15.000 влезници. Фудбалерите направија голем резултат, им овозможија на навивачите елитен европски фудбал, но голем дел од нив очигледно не им возвраќаат со купен билет за мечот.
 
Вардаровите херои заслужуваат полна арена и поддршка од навивачите кои со купена влезница и присуство на натпреварите треба да ја слават оваа најголема сезона во историјата на македонскиот клупски фудбал. 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе