ФК Вардар

Вардар му врачи отказ на Симов по само четири одиграни кола

По поразот од Велешта, Вардар реши да се раздели со својот тренер Горан Симов, тимот засега ќе го води Никола Глигоров.

Горан Симов издржа само четири првенствени натпревари на кормилото на Вардар.

Раководството на клубот не му го прости неочекуваниот пораз од Велешта за која победата над Вардар беше прва оваа сезона.

„Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.

Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров“, стои во соопштението на клубот.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе