ПМФЛ

Вардар му се одмазди на Борец за поразот во првото коло

На стартот од сезоната Борец за прв пат го победи Вардар во Скопје, но сега црвено-црните возвратија за тој загубен меч со триумф од 2-0 во Велес. 

На денешниот меч Борец имаше повеќе од играта и шансите, но Вардар успеа да ги казни промашувањата на велешани и да дојде до трите бода.
 
Двата погодоци дојдоа при крајот на мечот, Попзлатанов погоди во 79. минута, а конечните 0-2 ги постави Матеј Цветановски со гол во судиското продолжение од мечот.
 
Вардар со овие три бода се искачи на шестото место на табелата, но преостанатите мечеви се играат утре.
 
Шкендија - Шкупи, Работнички - Македонија ЃП, Струга ТЛ - Ренова, Силекс - Беласица и Академија Пандев - Пелистер се утрешните натпревари.
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе