По само еден официјален меч оваа сезона

Вардар му даде отказ на Бабунски!

Бобан Бабунски веќе не е тренер на Вардар откако клубот реши да му врачи отказ на три дена пред реванш мечот со Пјуник.

Бобан Бабунски го водеше Вардар за време на подготовките и на само еден официјален меч оваа сезона. Тие 90 минути на гостувањето кај Пјуник изгледа беа доволни за раководство на клубот да процени дека на тимот му треба друг тренер.
 
„Фудбалскиот клуб Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски, и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните“. Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Јаневски, го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа. На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка, и му посакуваме многу успех во иднина“, стои во соопштението на Вардар.
 
На ренвашот во Пјуник кој се игра во четврток тимот ќе го води асистентот Александар Васоски, а после мечот раководството ќе одлучи кој ќе биде наследникот на Бабунски.
 
Ова е уште една чудна одлука на раководството на Вардар на кое ако не му се допаѓа Бабунски подобро ќе беше да го разрешеше уште на крајот од минатата сезона и тимот подготовките да ги почнеше со нов тренер.
 
Фото: ФК Вардар

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе