ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА НАТПРЕВАРОТ

Вардар ќе има поддршка од распродадена „Филип Втори" Арена, Скопје ќе гори, вистински пекол за АПОЕЛ!

„Филип Втори" Арената е речиси распродадена, остануваат уште помалку од 500 влезници за натпреварот помеѓу Вардар и АПОЕЛ.

Интересот за натпреварот на Вардар против АПОЕЛ е неверојатен, за некој час се очекува сите билети пуштени во продажба да бидат распродадени.
 
Вардаровите фудбалери имаат голема поддршка од трибините, што ќе им биде дополнителен притисок, но и мотивација за голем резултат и победа над АПОЕЛ.
 
Гостите ги очекува вистински пекол од кој се надеваме дека ќе заминат со наведнати глави.
 
Натпреварот започнува во 20 часот, а сите оние кои нема да можат да се најдат на стадионот ќе можат да го проследат преку директен пренос на МТВ.
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе