НА ДВА ДЕНА ПРЕД ДУЕЛОТ СО ФЕНЕРБАХЧЕ

Вардар ќе добие нов тренер, Гоце Седлоски поднесе оставка!

Гоце Седлоски поднесе оставка од кормилото на Вардар на само два дена до плејофот од Лига Европа против Фенербахче.

Вардар наскоро ќе добие нов тренер откако Гоце Седлоски се повлече од функцијата. Според него, неуспехот против Копенхаген и поразот од Шкендија се причините за негово заминување.
 
Тој преку соопштение на официјалниот сајт на Вардар ја информираше јавноста за својата одлука:
 
„Почитувани.
 
Јас, Гоце Седлоски денес донесов одлука да поднесам оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Вардар, за доброто на сите во клубот. Ова размислував да го направам уште после вториот натпревар со ФК Копенхаген кој што го загубивме. Сепак, успеав да соберам сили и да го започнам македонското првенство. После загубениот натпревар со Шкендија, овие два дена размислував добро и денеска ја донесов оваа одлука. Тие два порази ме погодија многу бидејќи јас како човек не сум навикнат да губам, но и фудбалскиот клуб Вардар не е навикнат на порази.
 
Горд сум на постигнатото. Успеавме да освоиме две титули во две години, а горд сум и на победата над Малме и пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, како и домашната победа со Копенхаген.
 
Сакам да се заблагодарам на играчите, управата и до сопственикот г-нот Сергеј Самсоненко од кој имав несебична поддршка во целиот период. Благодарност и до сите вработени во Фудбалскиот клуб Вардар. Жалам, дојде време да се разделиме. На фудбалскиот клуб Вардар му посакувам успех на европска сцена во плеј-офот од Лигата на Европа против Фенербахче, како и во домашното првенство и Купот на Македонија“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе