РК Вардар

Вардар има нов пикер, Сикошек Пелко потпиша за европскиот шампион

21-годишниот словенечки ракометар, Домен Сикошек Пелко е нов ракометар на Вардар откако стави потпис на едногодишен договор со можност соработката да продолжи за уште две сезони. 

202 сантиметри високиот Сикошек Пелко им се приклучува на Стојанче Стоилов и Сергеј Горпишин на позицијата пикер.
 
„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот, вели Скикошек Пелко за официјалниот сајт на Вардар.
 
Во кариерата Сикошек Пелко има настапувано во тимот на Брежице каде ја почнува кариерата за младинските категории. Во сезоната 2013/2014 првпат е регистриран за сениорскиот тим на Кршко, но настапува за кадетите и за младинците. Две сезони подоцна повторно се враќа во тимот на Брежице и една полусезона настапува за Добова. Од 2016/2017 е дел од тимот на Требње. Таму не доби соодветна минутажа па реши да замине во странство. Тој е ракометар што е пред вратата на сениорската репрезентација на Словенија. Во 2014 година беше дел од 30-мина што беа на поширокиот список за ЛОИ.
 
Австрија како најблиска дестинација му овозможи на Сикошек Пелко да игра и да биде меѓу најдобрите стрелци во тимот на Брук. По една сезона помината во Австрија се сели во Македонија.
 
„ Младоста е предност за Сикошек Пелко и веруваме дека има предиспозиции да се вклопи во играта и системот на Вардар. Иако не е многу искусен во него препознавме квалитет за кој очекуваме да добие и потврда со настапот во нашиот клуб. Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитеот. Со нетрпение го очекуваме почетокот на подготовките и стартот на новата сезона, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе