ПМФЛ

Вардар им се врати на победите, Шкендија сигурна против Македонија ЃП

По три нерешени натпревари во низа, Вардар денеска се радуваше на три бода откако со 2-0 ја совлада Ренова, Шкендија беше сигурна против Македонија ЃП и славеше со 4-2.

Во 29. коло од ПМФЛ, водечките две екпи на табелата стигнаа до победи. Вардар на домашен терен победи поротив Ренова, а и Шкендија пред своите фанови триумфираше над Македонија ЃП.

По три нерешени натпревари во низа, избраниците на Всоски поладнево се радуваа на три бода. Најдовски го скрши отпорот на гостите во финишот од првото полувреме, а конечните 2-0 ги постави Жунињо во 50. минута од мечот.

Во Тетово, Шкендија на пауза замина со 3-0 и веќе тука беше јасно кој ќе ги освои трите бода. Гостите намалија по еден час игра, но потоа добија и црвен картон. Муслиу зголеми на 4-1, а Паду во последните мигови ги постави конечните 4-2.

Струмичкото дерби му припадна на тимот на Беласица, кој како гостин славеше со 0-2 против Академија Пандев.

Шкупи со 0-3 славеше на гостувањето кај Победа, додека пак Силекс со 1-0 пред своите фанови го совлада Работнички.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе