ПМФЛ

Вардар и Македонија ЃП ги поделија бодовите, црвено-црните пропуштија два гола предност

Вардар и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено, 2-2 на скопското дерби, Шкендија со 1-0 славеше на гостувањето кај Академија Пандев, Струга Трим Лум со 2-1 го победи Работнички. 

Вардар и Македонија Ѓорче Петров одиграа интересен меч, со многу шанси и четири гола, домаќините испуштија предност од два гола.
 
Вардар имаше одлично прво полувреме, а поведе со гол на Мирчевски по асистенција од Цветановски. По седум минути игра во вториот дел двајцата ги сменија улогите и Цветановски зголеми на 2-0.
 
Но Македонија Ѓорче Петров не се предаде, Калид во 57. минута постигна гол со глава и намали на 2-1, а десет минути подоцна Божиновски исто така реализираше со глава за 2-2, при овој погодок вардаровата одбрана реагираше катастрофално лошо.
 
Шкендија со гол на Елези по осум минути игра во второто полувреме ја победи Академија Пандев со 1-0 и го искористи ремито на Шкупи за да се зацврсти на врвот.
 
Струга Трим Лум со гол на Абдул во 87. минута дојде до победа од 2-1 над Ѓорче Петров. Претходно домаќините поведоа преку Османи во шестата минута, а Ѓирѓевииќ од пенал во 21. изедначи на 1-1.
 
Пелистер конечно победи, битолчани ја совладаа Беласица со 1-0 со погодок на Талевски во 81. минута.
 
Борец со головите на Прелчец и Ристовски со 2-0 го победија Силекс.
 
Синоќа Ренова и Шкупи одиграа 0-0.
 
Резултати:
Вардар - Македонија ЃП 2-2
Академија Пандев - Шкендија 0-1
Струга ТЛ - Работнички 2-1
Пелистер - Беласица 1-0
Борец - Силекс 2-0
Вчера
Ренова - Шкупи 0-0
 
Табела:
1. Шкендија 39
2. Шкупи 33
3. Македонија ЃП 33
4. Струга ТЛ 25
5. Борец 25
6. Силекс 22
7. Вардар 22
8. Работнички 21
9. Ренова 16
10. Пелистер 15
11. Академија Пандев 14
12. Беласица 9

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе