ПМФЛ

Вардар го совлада Силекс и го презеде првото место на табелата

Вардар е нов лидер на табелата во ПМФЛ откако попладнево со 3-0 ја доби пресметката со Силекс, Шкендија сврза три победи во низа.

Промена на врвот на табелата во првенството на Македонија, Вардар е нов лидер по седум одиграни кола. „Црвено-црните“ денеска со 3-0 го совладаа Силекс и го искористија киксот на Акдемија Пандев.

Вардар трите бода ги осигураа со доминатно издание во првите 45 минути кога три пати ја тресеше мрежата на противникот. Жуниор го отвори резултатот во 22. минута, Аврамовски зголеми на 2-0 во 38. минута, а пред крајот на првиот дел Мицевски од пенал реализираше за 3-0. Во продолжението од мечот, домаќините одиграа рутински, имаа уште некоја прилика за нов гол, но резултатот остана непроменет.

Академија Пандев одигра само 0-0 против Шкупи, па мораше да го предаде првото место на табелата.

По лошите резултати, Шкендија нанижа три победи откако со 2-0 ја совлада Струга. На последниот денешен натпревар, Ренова како гостин триумфираше со минимални 0-1 против Македонија ЃП.

ФОТО; ФК Вардар

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе