Изненадувачка одлука на раководството

Вардар го смени Писонеро по првиот пораз во Лигата на шампионите!

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко донесе одлука која ги изненади сите, Давид Писонеро го прекомандува во асистент, а за прв тренер го назначи Едуард Кокшаров. 

Вардар доживеа тежок пораз против Кил, за едно полувреме постигна само четири голови, беше шокантно да се гледа европскиот шампион како промашува во тие 30 минути.
 
Каков и да беше, тоа беше само првиот пораз на Вардар во Лигата на шампионите на кој му претходеа три победи. И не е само тренерска вина, македонскиот тим имаше игра, создаде чисти шанси за гол, едноставно ракометарите не ги реализираа, промашуваа сите, промашуваа зицери, пенали...
 
Како гром од ведро небо дојде информацијата дека Сергеј Самсоненко одлучил Давид Писонеро да биде симнат од тренерската позиција во Вардар, а на негово место да биде назначен Едуард Кокшаров.
 
Кокшаров е човек од доверба на Самсоненко, тој ја извршуваше функцијата спортски директор во Вардар и е селектор на руската репрезентација.
 
Писонеро ја прифатил одлуката да му биде асистент на Кокшаров. Како ќе функционира Вардар на ваков начин останува да видиме во наредните натпревари, првиот предизвик е тежок, гостување кај Веспрем во Лигата на шампионите веќе во сабота.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе