ПМФЛ

Вардар го победи Работнички во соседското дерби

Вардар кој денеска ја имаше улогата на гостин против Работнички, славеше со 2-0 на Националната Арена „Филип Втори“ и се зацврсти на втората позиција на табелата.

Работнички продолжи со очајните изданија во пролетниот дел од сезоната, па на Вардар не му беше многу тешко да слави на денешното дерби.
 
Вардарци поведоа со гол на Матеј Цветановски во шестата минута, Фелипе по десет минути игра во вториот дел ги постави конечните 2-0.
 
Шкендија немаше проблеми во Кратово каде со убедливи 3-0 го совлада Силекс. Резултатот беше отворен со автогол на Миленковски, а во второто полувреме погодија Агим Ибраими и Муслиу.
 
Шкупи доживеа непријатен пораз во битката за горните позиции, на свој терен загуби од Македонија Ѓорче Петров со 1-0, голот беше дело на Божиновски.
 
Најмногу погодоци имаше на дуелот меѓу Ренова и Беласица, домаќините победија со 3-2. Миовски, Рамадани и Усеини беа стрелци за домаќините, Мирчевски и Савиќ реализираа за гостите.
 
Резултати:
 
Работнички - Вардар 0:2
Силекс - Шкендија 0:3
Шкупи - Македонија ЃП 0:1
Ренова - Беласица 3:2
Победа и Академија Пандев ќе играат на 1. мај.
 
ТАБЕЛА: Шкендија 53, Вардар 45, А. Пандев 42 (-1), Шкупи 33, Ренова 33, Работнички 31, Македонија ЃП 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18 (-1).

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе