Куп на Македонија

Вардар го освои Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар го победија Еурофарм Пелистер со 26-24 и по 14. пат го освоија ракометниот Куп на Македонија. 

Вардарци тргнаа кон двојната круна, првиот пехар е освоен, победен беше Еурофарм Пелистер во меч со неизвесна завршница.
 
Вардар одлично го отвори натпреварот, создаде убава предност, на полувремето водеше со шест голови разлика 16-10, ништо не наговестуваше неизвесност.
 
Но како одминуваше второто полувреме, водството на Вардар почнуваше да се топи, битолскиот тим во финишот дојде до само еден гол негатива, сепак во последните минути црвено-црните беа поприсебни и не дозволија да ја загубат предноста.
 
На крајот Вардар заслужено се радуваше на победата од 26-24 и 14. трофеј од Купот на Македонија.
 
Во составот на Вардар најефикасен беше Чупиќ со седум голови, Дисингер постигна шест, кај Пелистер Перќ реализираше девет пати. Ристовски имаше пет одбрани, на спротивната страна Чаневски имаше десет.
 
За МВП беше прогласен Иван Чупиќ, наградата за најдобар голман ја доби Борко Ристовски, додека најдобар стрелец беше Јосип Периќ.
 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе