Очекувана промена

Вардар го избрка Андреев, на негово место Седлоски

Тоа што се најавуваше пред неколку месеци денеска доби потврда. Фудбалскиот првак на Македонија, Вардар му врачи отказ на Сергеј Андреев а а функцијата шеф на стручен штаб му ја додели на Седлоски.

„Сергеј Андреев од денеска не е тренер на екипата на Вардар. Раководството на нашиот тим го разреши првиот тренер на екипата, после 20 месеци соработка и раководење со клупата на „црвено-црните“. Андреев во минатата сезона ја донесе и титулата на Вардар, а играше и во Лигата на шампионите против кипарски АПОЕЛ. Како што е познато нашиот тим беше елиминиран во второто квалификациско коло.“

„На Сергеј Андреев му посакуваме среќа во понатамошната кариера, и му благодариме за досега сработеното за нашиот тим и освоената титула првак на Македонија за сезоната 2014-2015. “ - информираат од ФК Вардар. 

Седлоски ќе започне со работа на тренерската функција во таборот на „Црвено-црните“ од понеделник. 

„Македонската фудбалска легенда до сега ја извршуваше функцијата спортски директор на „црвено-црните“, и ќе дојде на местото на Андреев. Тој со своето искуство треба да го подигне нивото на клубот кој има големи амбиции за во иднина.“ - објаснуваат од Вардар за новата улога на Седлоски во клубот. 

Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите беше елиминиран од Апоел, развој на настаните кои најверојатно влијаеле по одлуката за смена на Андреев. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе