Пријателски натпревар

Вардар го доби пријателскиот меч со Еурофарм Работник, но малку фалеше од готово да направи вересија

Вардар со 32:30 го победи Еурофарм Работник во „Јане Сандански“, на двете екипи им припадна по едно полувреме.

Вардар беше одличен во првото полувреме, играше моќно и постепено креираше висока предност, на полувремето замина со водство од седум голови разлика, 27:20.
 
Но во второто полувреме работите се променија, Еурофарм Работник успеа во финишот да се доближи и до само еден гол разлика, но на крајот Вардар не дозволи изненадување, го доби мечот со 32:30.
 
Најефикасен во составот на Вардар беше Дибиров со осум голови, Скубе и Чупиќ постигнаа по пет, Криштпанс четири. За Еурофарм најмногу погодоци постигна Радовиќ шест.
 
Ова беше претпоследен пријателски натпревар на Вардар пред заминувањето на Супер Глоуб, утре шампионот игра со АЕК.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе