ПМФЛ

Вардар го доби дербито со Работнички и ќе преноќи како лидер

„Црвено-црните" како гостин на арената „Филип Втори" триумфираа над Работнички, Барсегјан и Брдаровски донесоа триумф за Вардар.

Вардар доби уште една градска пресметка, вечерва избраниците на Васовски беа поуспешни од Работнички.

На арената „Филип Втори“, „црвено-црните“ како гостин беа подобри од „Романтичарите“. Барсегјан по половина час игра го отвори резултатот со прецизен удар по земја, а Брдаровски ги осигура трите бода во 63. минута од мечот.

Со оваа победа, Вардар ќе преноќи на првото место на табелата со 14 бода од шест натпревари. Преостанатите мечеви од 6. коло се на програмата утре со термин од 15:30 часот.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе