ПО ГОЛЕМАТА ПОБЕДА НАД ФЕНЕРБАХЧЕ

Вардар главен на сајтот на УЕФА (ФОТО)

Победата на Вардар над Фенербахче силно одекна во фудбалска европа, македонскиот шампион заедно со Милан се на насловна страна на сајтот на УЕФА.

Вардар синоќа го направи најголемото изненадување победувајќи го големиот Фенербахче со 2-0 на „Телеком Арената".

Таквиот резултат се потенцира во речиси сите медиуми, а македонскиот клуб заедно со Милан е во насловот на сајтот на УЕФА.

Вардар гo направи најнеочекуваниот резултат, а Милан дојде до највисоката победа совладувајќи ја Шкендија со фантастични 6-0.

За Тетовчани реваншот со Милан ќе биде само една убава приредба за гледачите, додека Вардар ќе има сериозен меч во Истанбул и ќе се обиде да ја задржи убавата предност.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе