ФК Вардар

Вардар ги почна подготовките за новата сезона

Вардар скрпи тим за старт на подготовките за новата сезона, Васоски денеска го одржа првиот тренинг, на располагање има четири нови играчи, неколку староседелци и фудбалери од младинскиот погон. 

Фото: ФК Вардар
И фудбалерите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона. Над македонскиот шампион владее голема неизвесност за иднината, но се чини дека и покрај се Ваоски ќе има солиден тим на располагање.
 
Засега во Вардар пристигнаа четири засилувања, се вратија искусните Дејан Блажевски и Филип Петковски, нов играч е Виктор Велковски, а од утре во стројот ќе биде и Бојан Најденов.
 
Од староседелците останаа Дарко Мицевски, Филип Најдовски, Матеј Цветановски, Фитор Реџепи, Филип Илиќ и Јован Попзлатанов. Другите играчи се од младинските категории на тимот.
 
Во текот на преодниот рок не се исклучува можноста уште некој од играчите да го напушти Вардар, но се очекува да дојдат и нови засилувања.
 
Самсоненко си замина од клубот со ветување дека долговите ќе ги исплати до 31. декември. Во меѓувреме додека се најде нов сопственик Вардар ќе направи финансиска конструкција со помош на ваучерите која нема да биде идеална, но ќе биде доволна за да не се дозволи крах на клубот.
 
 
 
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Вардар

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе