ФК Вардар

Вардар ги почна подготовките под водство на Никола Илиевски - Џиџи

Вардар конечно ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, нов тренер е Никола Илиевски - Џиџи кој има стручен штаб составен од поранешни вардарови фудбалери. 

Фото: ФК Вардар - Денис Дуковски
Вардар убедливо последен ги стартуваше подготовкитие за новата сезона. Откако претходно беа направени тествоите за ковид-19, фудбалерите ги почнаа тренинзите.
 
Помошници на Џиџи ќе му бидат поранешните вардарови капитени, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Никола Глигоров и Филип Ивановски. Тренер на голманите и понатаму ќе биде Саша Илиќ, а кондициски тренер е Михајло Шејкероски.
 
Од поискусните играчи во тимот останаа Дејан Блажевски, Филип Петковски, Бојан Најденов, Виктор Велкоски, Филип Илиќ... тимот ќе биде надополнет со играчи од младинскиот погон.
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Вардар - Денис Дуковски

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе