ПМФЛ

Вардар доживеа тежок пораз од Ренова, само бод за Шкендија во Ѓорче Петров

Вардар загуби со 4-0 на гостувањето кај Ренова и го загуби второто место на кое дојде Академија Пандев по победата во струмичкото дерби над Беласица, Шкендија одигра нерешено кај Македонија Ѓорче Петров.

По минималниот пораз во Шкендија од претходното коло, Вардар денеска на истиот терен доживеа вистински дебакл откако прими четири гола од Ренова а не даде ниту еден.
 
Ренова големиот триумф го најави уште на самиот почеток од натпреварот, до 13. минута веќе беше 2-0 со головите на Емран Рамадани и Емануел Мбела. Во вториот дел уште еден гол даде Рамадани, а при крајот Стојановски го постави конечниот резултат.
 
Со овој пораз Вардар падна од втората позиција на табелата, сега таму е Академија Пандев која со гол на Дориев ја победи Беласица со 1-0 во струмичкото дерби.
 
Шкендија уште еднаш се враќа без победа од Ѓорче Петров во дуел со Македонија. А почетокот не го наговестуваше тоа. Тетовскиот тим поведе уште во петта минута со гол на Имери, но во вториот дел Робсон да Силва постигна убав гол за конечни 1-1.
 
Работнички не го доби ниту вториот меч во пролетниот дел од сезоната, сега на свој терен одигра само 1-1 против Силекс. Кратовчани водеа со гол на Георгиев во 13. минута, Блажевски од пенал во 72. го изедначи резултатот.
 
Шкупи со голови на Бајрами, Ангелов и Сержињо ја совлада победа со убедливи 3-0.
 
Резултати:
 
Ренова - Вардар 4:0
Македонија ЃП - Шкендија 1:1
Беласица - Академија Пандев 0:1
Работнички - Силекс 1:1
Шкупи - Победа 3:0
 
Табела:
 
1. Шкендија 44
2. Академија Пандев 36
3. Вардар 35
4. Работнички 28
5. Шкупи 27
6. Ренова 25
7. Македонија ЃП 22
8. Силекс 20
9. Беласица 18
10. Победа 18
 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе