ПМФЛ

Вардар доживеа дебакл во Кратово, Шкендија убедлива против Ренова

Вардар доживеа тежок пораз против директниот конкурент за опстанок, Силекс победи со 6-0, Шкендија освои три бода откако ја совлада Ренова со 3-0 и направи уште еден чекор поблиску до шампионската титула. 

Силекс со 6-0 го демолираше Вардар, црвено-црните кои се наоѓаат во тешка ситуацијата ќе имаат речиси невозможна мисија да изборат опстанок во лигата.
 
Интересно, головите за Силекс ги постигнаа двајца фудбалери. Најпрво Ристов комплетираше хет-трик, а потоа три гола даде и Ѓоргиев.
 
Шкендија со 3-0 ја победи Ренова, Ибраими, Вандерсон Силва и Елези ги постигнаа головите за тимот кој сигурно гази кон шампионската титула.
 
Академија Пандев доживеа пораз на свој терен откако загуби од Шкупи со 1-0 со погодок на Диак Ламине во финишот од мечот.
 
Гостинскиот триумф оствари и Струга ТЛ која го победи Борец со 1-0 со гол на Мециновиќ на почетокот од второто полувреме.
 
Македонија Ѓорче Петров со 2-0 ја победи Беласица во Струмица, головите беа дело на Робсон Да Силва и Чарлестон.
 
Синоќа Работнички со 3-1 беше подобар од Пелистер.
 
Табела по 26. коло:
 
1. Шкендија 59
2. Шкупи 49
3. Македонија ЃП 44
4. Струга ТЛ 40
5. Работнички 39
6. Борец 33
7. Пелистер 32
8. Академија Пандев 31
9. Силекс 29
10. Ренова 27
11. Вардар 27
12. Беласица 14

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе