Соопштение на ФК Вардар

Вардар: Бараме оставка од Сејдини, време е Пандев да биде претседател на ФФМ

Сопственикот на Вардар, Слободан Крстевски побара целото раководство на ФФМ на чело со претседателот Муамед Сејдини да си поднесат оставки. 

Од Вардар се згрозени од синоќешните пропусти на мечот со Гостивар по кој и судиите добија суспензии од ФФМ.
 
Сопственикот на Вардар, Слободан Крстевски се обрати со соопштение до јавноста и побара промени во раководството на ФФМ.
 
„Серијата ''2 МФЛ'' продолжува, само се менуваат главните актери, борбата  за власт, позиции, гласови, а интересот на фудбалот и развојот никој не го гледа. Сѐ е купено и договорено однапред, никакви правила не важат, за некои клубови има отстапки, а некои клубови се тешко оштетени секое наредно коло.
Со вчерашното бламирање во Гостивар раководните структури на ФФМ го направија првенството да биде нерегуларно на дрзок и безобразен начин со една цел, екипата на ФК Вардар по секоја цел да остане во втората лига. 
Претседателот на Федерацијата можеше на почетокот на сезоната да нѐ информира дека има за цел по секоја цена однапред на зелена маса да се договорат финалните позиции на табелата што ќе беше покоректно, отколку на ваков начин да се наруши регуларноста на првенството.
ФФМ, доста е веќе!
Кај нас во ФК Вардар се е веќе јасно и овој пат нема повлекување, поминати се сите граници, на неколку наврати во минатото сме реагирале на нерегуларностите кои ги сервираа од ФФМ, но веќе нема. Сега одиме до крај!
Безусловно бараме целото раководство на ФФМ да си поднесе неотповиклива оставка на чело со претседателот Сејдини и сите комисии при ФФМ да се самораспуштат. Време е за промени, време е фудбалски величини како Горан Пандев да застанат на чело на ФФМ, за да може македонскиот фудбал да мрдне од мртва точка.
-Слободан Крстевски-, 
Сопственик на ФК Вардар“.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе