Французинот сака да ја промени средината по крајот на сезоната

Варан му соопштил на Реал дека заминува, „кралевите“ ја сакаат ѕвездата на Наполи како замена

Според емисијата „Хугонес" на Ла Секста, Рафаел Варан разговарал со лидерите на Реал Мадрид и јасно до знаење им ставил дека летоска сака да го заврши поглавјето како играч на „кралевите".

На средината од март, Л'Екип објави дека Рафаел Варан размислува да го напушти Сантијаго Бернабеу. Според емисијата „Хугонес“ на Ла Секста, Французинот веќе го известил Реал Мадрид дека сака да ја промени средината. 

Тој во разговор со лидерите на клубот им ставил јасно до знаење дека сака да го заврши поглавјето како играч на „кралевите“. 

Според ОК Диарио, директорите на Реал Мадрид му порачале на играчот дека ќе бараат да биде платена откупната клаузула која е поставена на 500 милиони евра. 

Неколку клубови се поврзуваат со Рафаел Варан, се шпекулира со имињата на ПСЖ, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Јувентус, но тешко дека некој би одвоил половина милјарда евра 

АС и ОК Диарио исто така пишуваат дека Реал Мадрид ќе тргне по потписот на Калиду Кулибали од Наполи доколку Рафаел Варан направи трансфер летоска.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе