Премиерлига

ВАР му поништи два гола на Лидс во 90 секунди, Вест Хем ги однесе бодовите (ВИДЕО)

Вест Хем ја доби пресметката со Лидс, гостите два пати погодија но ВАР два пати им скрати радост за домаќините потоа да постигнат два гола и да ги однесат бодовите.

Нов пораз за Лидс и Алиоски, „белите“ денеска загубија на гостувањето кај Вест Хем. Избраниците на Бјелса добро го започнаа натпреварот, постигнаа гол во 6. минута, но ВАР го поништо поради офсајд.

90 секунди подоцна, повторно беше затресена мрежата на „чеканите“ но и овој пат голот беше поништен, топката го напушти теренот пред Рафиња да му асистира на Бамфорд.

Вест Хем го надмина овој период и доби прилика за водство од белата точка. Лингард го промаши пеналот, но прв дојде до одбиената топка и донесе 1-0 во 21. минута.

Во 28. минута избраниците на Мојс поведоа со 2-0. По еден корнер од десната страна, Доусон скокна највиско и ја затресе мрежата на Лидс.

Нашиот Езгјан Алиоски шанса доби на стартот од второто полувреме, но не можеше да помогне Лидс да избегне пораз. Гостите се обидуваа да се вратат во игра, имаа неколку шанси но никако не успеваа да ја затресат мрежата на Вест Хем.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе